Општина Струга ги повикува туристичките субјекти да учествуваат на саемот за туризам „ИТФ Косова“ што од 16 до 18 март ќе се одржи во Приштина.

На саемот, како што соопшти општинската прес-служба, Струга ќе биде претставена како атрактивна туристичка дестинација со нејзината понуда за туристите.

Ги покануваме сите хотелско-туристички субјекти на Струга да учествуваат на Саемот, но доколку физички не се во можност, да ни достават промотивни материјали за да можеме ние како Општина да ги преставиме на нашиот штанд, стои во информацијата.

Имиџот на Струга како атрактивна туристичка дестинација, посочуваат, треба да биде претставен секаде каде што е можно, затоа пожелно е во претставувањето да учествуваат сите чинители во туристичкиот сектор.

OhridNews