Општина Струга ги повикува туристичките субјекти од 6 до 8 април да учествуваат на саемот за туризам „ETIF Tirana 2023“, како дел од штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.
На саемот во Тирана, како што е наведено во повикот, Струга ќе биде претставена како атрактивна туристичка дестинација со целата понуда за туристите пред посетителите на штандот.
Ги покануваме сите хотелско-туристички субјекти на Струга да учествуваат на Саемот, но доколку физички не се во можност, да ни достават промотивни материјали за да можеме ние како Општина да ги преставиме на нашиот штанд, стои во повикот на Општина Струга.
Според општинската прес-служба, имиџот на Струга како атрактивна туристичка дестинација треба да биде претставен секаде и затоа сметаат дека во претставувањето треба да учествуваат сите чинители во туристичкиот сектор.
OhridNews