Во овие топли денови од летната сезона, градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, повикува на рационална употреба на водата за пиење, бидејќи злоупотребата на водата и понатаму останува многу вознемирувачки проблем во летната сезона, велат од Општина Струга.
Попроблематични, како за злоупотреба на водата, така и за нејзината исплата, се периферните области за кои градоначалникот Мерко бара соработка од граѓаните. Оваа порака има за цел да привлече внимание на грижата за водата и да апелира до сите да помогнат во администрирањето и управувањето со изворите на вода за пиење, додаваат во соопштението.
Се проценува дека ширум светот популација од околу 2.1 милијарди луѓе немаат безбедна вода, затоа ШТЕДЕТЕ И ПЛАТЕТЕ ЈА ВОДАТА!- апелираат од Општина Струга.
OhridNews