Од струшката локална самоуправа информираат дека вчеравечер, околу 19.30 часот, од страна на едно лице физички бил нападнат секретарот на општина Струга, како што велат, со цел спречување на вршење на службена должност.
Од локалната самоуправа на општина Струга додаваат дека и претходно до секретарот биле упатувани закани, за што биле информирани надлежните органи, но дека досега случајот не бил разрешен.
– Ги повикуваме надлежните органи, МВР, судството и Владата на Република Македонија да постапат согласно законот и да го расветлат конкретниот случај и другите слични случаеви. Во спротивно секое службено лице претставник на општина Струга ќе мора да се одбрани на начин како што е нападнат. Ги повикуваме и ОБСЕ и другите меѓународни претставници да реагираат и да вршат притисок врз овие институции, се со цел овие случаи да се спречат и да бидат казнети според законот, велат од струшката локална самоуправа.
Оттаму додаваат дека ваквите случки нема да бидат пречка за продолжување на мисијата за да се воспостави ред во функционирањето на општина Струга.
OhridNews