Струшката локална самоуправа одлучи да ги мобилизира сите засегнати страни во врска со прашањето на младите во општината, да го поттикне младинскиот активизам во општината, да ја унапреди соработката со младите и да придонесе кон нивен постојан развој. За таа цел е изготвена „Стратегија за млади на општина Струга 2015-2020“ која треба да биде усвоена на 24-та седница на Советот на oпштина Струга која треба да се одржи утре.
-Младите во општина Струга се носители и интегрален фактор во градењето на граѓанското мултикултурно општество, економскиот и културно-социјалниот живот и здравата животна средина. Општина Струга во целост ги препознава важноста и улогата на младите во развојот на демократските процеси во општината и воопшто, во развојот и подобрување на животот во заедницата. Резултат на таа заложба е оваа стратегија, која се однесува на соработката на општината со сите засегнати страни од локалните политики за младите и има за цел да обезбеди инклузивен процес и учество на граѓанскиот сектор во процесите на дефинирање на развојните активности и иницијативи на општина Струга во областа на младите, како и да создаде предуслови за креирање на ефикасни партнерства, пишува во воведот на стратегијата.
Овој документот бил подготвен на консултативен и партиципативен начин, со значителна вклученост на организациите на младите и општинската администрација во периодот март – ноември 2014 година.
Освен Стратегијата за млади, струшките советници на утрешната седица ќе треба да ги усвојат и Предлог – Одлуката за усвојување на Стратетешка анализа за соработка со НВО на општина Струга 2015-2020; Предлог – Одлуката за усвојување на Стратегија на општина Струга за развој на образованието 2015-2020; Предлог – Одлуката за усвојување Стратегија за социјална заштита на граѓаните на општина Струга 2015-2020 и Предлог – Програмата за работа нa Советот за превенција на детско престапништо на општина Струга за 2015 година. Исто така во рамки на дневниот ред ќе се најадат и неколку квартални извештаи и точки од урбанистичката сфера.
OhridNews