Министерството за транспорт и врски и одзеде дел од надлежностите во урбанизмот на општина Струга поради не исполнување на решенија на Државниот градежен иснспекторат.

– Се задолжува градоначалникот на општина Струга да му овозможи на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам не пречено преземање на потребните работи. Нив во иднина ќе ги извршува во име и на сметка на општина Струга, стои во дописот од Транспорт и врски до општина Струга.

Градоначалникот Мерко, кој вчера беше службено отсутен од Струга, вели дека е изненаден од ваквото решение и најави средба со министерот за транспорт на која ќе бара објаснување за настанатата состојба.

OhridNews