Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински инспектори и во таа насока упатува јавен апел до сите сопственици на локали и други деловни објекти кои што вршат услужни и дејности од областа на угостителска, туристичка, услужна како и дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека ќе се започне заедничка проширена контрола на инспекторите.
Општината ги известува сопствениците на деловните објекти дека се должни, на лице место да имаат подготвено оригинали или фотокопии од одобренија за вршење дејност и поставување урбана опрема, елаборат за поставување урбана опрема, тековна состојба, имотен лист за деловен објект, елаборати за заштита на животната средина, заштита од пожари, лична карта на одговорно лице, телефонски број, лице за контакт и службен е-маил .
Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Треба да имаат и фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз сите локали на територијата на општина Струга, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат решение за отстранување недостатоци согласно закон, како и прекршочен платен налог, стои во информацијата на Општина Струга.
Доколку се најдат неправилности, а инспекторот констатира дека е надвор од негова надлежност, според наведеното, ќе се состават записници, кои ќе бидат испратени за натамошна постапка до надлежен инспектор.
OhridNews