Утре и задутре струшката локална самоуправа ќе спроведе дератизација на улиците во градот Струга. Според најавите, активностите за дератизација ќе ги извршат стручните екипи на Центарот за јавно здравје.

Системската дератизација се спроведува со цел да се спречи појавата на глувци и да се намали ризикот од болести и економски штети кои овие глодари може да ги предизвикаат.

OhridNews