Општина Струга ќе додели 600.000 денари за помош на настраданите од оружениот инцидент во Куманово за ублажување на последиците од претрпените штети на домаќинствата. Одлуката за доделување на овие средства ќе треба биде усвоена во рамки на 27-та седница на Советот на општина Струга, која ќе се одржи во среда на 27-ми мај 2015 година.

Финансиските средства ќе се доделат врз основа на иницијативата на група советници при струшкиот совет и ќе бидат обезбедени од Буџетот на општина Струга за 2015 година.

Освен оваа точка, пред струшките советници ќе се најдат и неколку квартални извештаи за работа на општинските Јавни препријатија, извештаи за реализација на општински програми и низа урбанистички плански документации.

OhridNews