Општина Струга беше домаќин на обуки кои ќе придонесат за унапредување на предучилишното воспитание и образование.

Со цел зајакнување на воспитниот кадар во градинките во салата за Совет на општина Струга се одржа осум дневна обука со тема „Инклузија и околина за учење“ од страна на Проектната единица за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади, информираат од Општина Струга.

Обуката, додаваат, беше водена од Меѓународниот експерт за дизајнирање на образовни програми и обуки, проф.д-р Дарко Кобетиќ.

OhridNews