Општина Струга до Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести поднесе барањеза пролонгирање на почетокот на учебната година во општина Струга.

По денешниот состанок, на фејсбук-страницата на Општина Струга, беше објавено дека е дојдено до заклучок дека состојбата е полоша од претходната година за што се утврдило дека почетокот на учебната година е потребно да биде пролонгиран, односно истата во Струга наместо на 1 септември да започне на 20 септември.

Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар, е наведено на фејсбук-профилот на Општина Струга.

Од Општината додадоа дека според добиените информации од надлежните на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, а денес се хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, 7 во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на нега во домашни услови, додека во Струга 70 на домашна нега се 70 лица.

OhridNews