Општина Струга организира стручна расправа и јавна презентација за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за блок 30, односно северниот дел од град Струга, КО Мороишта, за плански период 2021-2031 година.
Нацрт-планот, како што соопшти Општина Струга, бил изработен од ЕВРО-ДЕКОР доо Кочани, а за јавноста ќе биде достапен за увид од 22 февруари до 24 март годинава на општинската веб-страница и во информацискиот систем „е-урбанизам“, но и во хартиена форма.
Јавната расправа е предвидено да се одржи на 27 март во просториите на Општина Струга, додека стручна расправа треба да се одржи на 3 април годинава.
Учесниците во стручната расправа можат да ги достават своите забелешки најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа. Забелешките ќе бидат составен дел на записникот од стручната расправа, врз основа на кој се изготвува извештај од стручната расправа, што го изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на Општина Струга, стои во информацијата.
OhridNews