Неможејќи да најдат контра аргументи во нивното политичко спротиставување за интензивното разубавување на градот, денес од СДСМ- Охрид искажаа една небулоза во која истакнаа дека се против разубавувањето на Охрид со изградбата на кејот, а да е апсурдот поголем во преостанатиот дел од прес конференцијата изразија заложби за зголемување на атрактивноста на Охрид, се наведува во реакцијата од општина Охрид по денешната прес конференција на општинската СДСМ.
– Зачмаено во теснопартиската безидејност, нестручност, неспособност и неподготвеност, претходното локално раководство на чие чело беа кадри од СДСМ, не реализира ниту еден капитален објект, а направи милионски долгови. Без чувство за минимум политичка, а особено граѓанска одговорност за таквата состојба, СДСМ денеска се обиде , по којзнае кој пат да ја манипулира јавноста со ефтини трикови , на кои одамна никој не им верува.Денес гледаме дека од таквиот расипнички, деструктивен однос кон градот не успеа да се дистанцира ни сегашното партиско раководство, кое го продолжува континуитетот на нивните претходници, стои во реакцијата.
Оттаму додаваат дека изненадува неупатеноста на координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид за тековните заложби на Локалната самоуправа за набавка на нови 5 специјални возила за урбана хигиена во вредност од околу 20 милиони денари.
– Од друга страна критикуваат за необновување на возниот парк и механизацијата на јавното комунално претпријатие, за што имаа цели осум години тоа да го направат. Напоменуваме дека парите од ребалансот на Буџетот ќе се трошат за видливи проекти кои ќе бидат од општа корист за граѓаните на Охрид,вклучително и градскиот кеј, кој ќе ја зголеми атрактивноста на градот. Парите нема да бидат потрошени за проекти кои никаде до ден денес ги нема, онака како што тоа го правеа нивните ментори од минатата локална власт, кои денес се нивни идоли, велат од локалната самоуправа.
Оттаму со препорака да се погледнат отчетите за првите сто дена, за првите дванаесет месеци и за првите две години од работењето на локалната самоуправа.
OhridNews