За нас е очекувано плачењето на СДСМ од Охрид, затоа што секогаш кога на Охрид ќе му се случи убав проект, како што е новоизградениот плоштад, кој охриѓани со восхит го прифатија,тоа многу ги боли и плачат, се навдеува во реакцијата од општина Охрид во врска со дописот од општинската СДСМ за просторот во близина на новоизградениот плоштад.
– Особено лесно е предвидлива и провидна нивната тактика со детски постапки, секогаш кога ќе се реализираат нови проекти за Охрид, како што е пуштањето во употреба на реконструираната улица „Питу Гули“ и отпочнувањето на изградбата на двете кружни сообраќајници, да се обидат сето тоа да го засенат. Но, тоа, кај граѓаните на Охрид не поминува. За уредувањето на просторот, кој го посочуваат во нивното соопштение , најнапред треба да се обратат до сопственикот, за кој јавноста многу добро знае дека беше еден од омилените бизнис партнери на претходниот градоначалник, велат од локалната самоуправа.
OhridNews