До редакцијата на OhridNews пристигнаа реакции од граѓани поради тоа што дупките низ улиците во градот наместо со асфалт, се пополнуваат со бекатон плочки.

Од страна на локалната самоуправа објаснуваат дека ваквите мерки се преземаат со цел да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот низ градските улици, кои по обилните снежни врнежи и дожд и врлањето на сол на голем број места се оштетени.

Пополнувањето на дупките со бекатон плочки е привремено решение додека не почнат со работа асфалтните бази кои при ниски температури не можат да произведуваат асфалт. Штом се создадат услови, оштетувањата соодветно ќе се санираат, односно дупките ќе се пополнат со асфалт, потенцираат од локалната самоуправа.   

OhridNews