Реакција од локалната самоуправа во врска со денес искажаните обвинувања од општинската СДСМ дека се продава атрактивна локација под Плаошник за цена од 25 евра за метар квадрат.
Во реакцијата се наведува дека објавата за отуѓување на градежното земјиште во УЗ 1 блок 1.2, блок 1.4 и дел од блок 3.4 во Охрид се спроведува по барање на Министерството за транспорт и врски.
– Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната висина до венец е од 3,9 м и катност- Приземје ( минус две нивоа). Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште со Уредба е пропишана од страна на Владата на Македонија и е 1543 денари по м2 што значи дека креатори на крајната цена би биле пријавените учесници на електронското јавно наддавање. По продажбата на земјиштето 80 % од приходите ќе бидат за општина Охрид, а 20 % за државата. Ако според охридските Социјалдемократи пазарната вредност при продажба на куќи во стариот дел на Охрид изнесува најмалку 1000 евра а цената на неизградено градежно земјиште е над 500 евра, општината уште еднаш ги повикуваа овие политички субјекти да учествуваат на јавното надавање и да придонесат во зголемување на приходите на општина Охрид со што и тие би помогнале во пополнување на милионската дупка долгови која и ја оставија на општина Охрид, велат од локалната самоуправа.
Во врска со забелешките за нереализирани капитални проекти, од локалната информираат дека нивната реализација наскоро ќе започне, но притоа не откривајќи повеќе детали.
OhridNews