Од финансиските податоци може да се согледа дека вкупниот буџет на општината од 2005 година до денес, неколкукратно е зголемен. Во 2005 година општината реализирала буџет во висина од 149.595.826 ден. во 2006 година остварениот буџет изнесувал 353.928.371 денари. Во 2007 буџетот бил 336.583.270 денари, а во 2008 година вкупните буџетски средства изнесувале 426.356.382 денари. Значи буџетот на Општина Охрид кој се планира за 2010 година, ќе биде за околу 400 милиони денари поголем од буџетот во 2005 година.
Според прегледот на приходните ставки од кои Општината планира да го полни буџетот во 2010-тата, може да се види дека најголем приход се очекува од Данок на специфични услуги или вкупно 255.026.500 денари. На второ место во општинските приходи се Даноци на имот, по чии основ Општината планира да оствари 115 милиони денари. Од продажбата на земјиште и нематеријални вложувања, планирано е остварување на 10 милиони денари, а од трансферите на другите нивоа на власт планирани се околу 113 милиони денари. Од Самофинансирачки активности во образованието се планираат 35.700.000 денари, а од Дотации од Странство 5 милиони денари. Останатиот дел од приходите ќе се оставрува по основ на Даноци,Општински такси и надоместоци.
Фискалната стратегија е основен развоен годишен документ на општината, кој ги дефинира: годишната фискална политика, годишното финансиско планирање, управување и контрола, како и распределба на средства за реализација на усвоените програми, капитални вложувања и тековно оперативни трошоци.