ВМРО ДПМНЕ е во паника и нема капацитет за аргументирана политичка јавна дебата, обвинува локалната самоуправа.

-Немајќи одговори , ОК на ВМРО- ДПНЕ, непристојно повеќепати го потенцираше терминот „квази“ за градоначалникот Александар Петрески, мислејќи дека со тоа ќе ја покријат нивната неподготвеност за пристојна политичка полемика. Веројатно не се свесни дека со тоа ги навредуваат своите сограѓани кои гласаа на изборите и на градоначалникот Александар Петрески му го доверија и вториот мандат.Вистината боли па затоа во паника наместо да презентираат аргументи продолжија со плукање и замена на тезите.-се вели во реакцијата на локалната самоуправа.

Оттаму објаснуваат дека прекините и продолженијата на седниците, како и формирањето на мнозинства и коалиции и нивно растурање е вообичаена практика во демократските општества. „Прекинувањето на последната седница на Советот на општина Охрид поради немање кворум ниту е прв ваков случај ниту единсвен“, велат од локалната самоуправа..

Општината како неосновани ги отфрла и обвинувањата за лошите состојби во културата во Охрид.

Потсетуваме дека културата е под директна надлежност на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ и таа ја сноси одговорноста. На чело на културните институции во Охрид се луѓе од нивната партија и иронијата да биде поголема за нивниот избор не одлучуваат квалификациите и способностите туку тесни кругови од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.-се наведува во соопштението на Општина Охрид. Според неа најавите дека  изборот на директор на најпрестижната македонска културна манифестација, фестивалот Охридско лето , наместо Министерката за култура ќе го врши локално партско раководство, покажува како се уништуваат националните културни вредности.

OhridNews