На прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ која се одржа вчера, со соопштение денеска реагираше Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Во соопштението се вели:  

„Шест месеци пред одржувањето на локалните избори, ВМРО ДПМНЕ веќе ја започна кампањата. Тоа се гледа најдобро од постојаните прес конференции на Општинскиот Комитет, на кои без аргументи, небулозно и невистинито се обидува да се анализира работата на градоначалникот.Таква беше и последната прес конференција од 1 септември. На ваквата тактика ќе одговориме со неспорни факти за ефектите од работата на градоначалникот, а оценката ќе ја оставиме да ја дадат граѓаните.

Во изминативе три и пол години од својот мандат, градоначалникот Петрески, во различни области, започна и реализира повеќе проекти кои се во надлежност на локалната самоуправа,  а резултатите се видливи за граѓаните, за што говори и високиот рејтинг кој го ужива градоначалникот. Впрочем, зошто сега нападно се организираат ваквите прес конференции ако слабостите се провлекувале подолг период!? Зарем не можеле во ВМРО ДПМНЕ да ги забележат и порано. Успешната работа на градоначалникот очигледно му смета само на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Градоначалникот Петрески има и премногу серизона работа за да се занимава со исфрустрираните и инструираните партиски послушници. Доколку во ВМРО ДПМНЕ сакаат да бидат конструктивни, можат да ги оценуваат своите партиски кадри, а за работата на градоначалникот нека остават да одлучуваат граѓаните кои се најмериторни, затоа што тие му дале мандатот“-се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.

ohridnews