Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење, информираат од Општина Охрид.

Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги обновиле своите легитимации или имаат промени од предходната регистрација. Рокот за регистрирање и ажурирање ќе биде до 15.03.2025 година, посочуваат.

Додаваат дека регистрацијата или ажурирање може да се изврши секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид.

OhridNews