По повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години од формирање на Македонската револуционерна организација, Општина Охрид организира свечена програма.

Во петок, 20 октомври, предвидена е промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов со почеток во 12 часот во големата сала на Општина Охрид.

Свеченоста по повод 23 Октомври во рамки на која обраќање ќе има градоначалникот Кирил Пецаков, а предвиден е и историски час со проф. д-р Нашата Котлар и културно-уметничка програма ќе почне во 19 часот, исто така во големата сала на Општина Охрид.

На 23-ти Октомври во 10 часот во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

OhridNews