Со низа настани Општина Охрид ќе одбележи 121 година од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ.
Според програмата на 1-ви август со почеток во 20:30 часот во село Велгошти ќе се одржи „Ноќ спроти Илинден“, каде обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Предвидено е полагање цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците, како и културно – уметничка програма во рамки на која предвиден е настап на учениците од ООУ „Живко Чинго од Велгошти“, танцов перформанс на МКЦ „Соната“, како и настап на познатата македонска виолинистка Сања Зјделар
Ден потоа, на 2-ри август ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденци и тоа од 10 часот во градскиот парк, од 10:20 часот кај Прентов мост и од 10:30 часот во селото Плаќе, каде ќе биде одржан и историски час, а предвидена е и културно-уметничка програма.
OhridNews