Заради учеството на градоначалникот Александар Петрески на туристичкиот саем во Лугано, Швајцарија, наградата на 31 октомври ја прими секретарот на општината, Димитрија Вревезоски.
Најдобрата практика им овозможува на општините да ја демонстрираат својата ефикасност и ефективност и да покажат дека се способни организации. Таа им дава в раце инструмент со кој можат да излезат пред Владата и да ја покажат својата подготвеност за поголеми надлежности. Најдобрата практика покажува што е тоа што општините можат најдобро да го направат.
ЗЕЛС поддржана од Европската Унија и Советот на Европа минатата година започна со имплементација на програмата за зајакнување на услугите што општините им ги даваат на своите граѓани. Оваа програма треба да обезбеди поддршка во процесот на децентрализација, воспоставување транспарентна општина, идентификување на најдобри практики и добро менаџирање во единиците на локалната самоуправа.