Пофалби за начинот на комуникација помеѓу охридската Локална самоуправа и јавноста пристигнаа од страна на претставниците од ЗЕЛС, организатор на тркалезната маса. Тие потенцираа дека кога се зборува за транспарентност во работењето на Локалната самоуправа не се мисли само на комуникацијата со медиумите и јавноста, туку и помеѓу вработените. “Од голема важност е вработените да знаат кои се приоритетите во работењето и кои се одлуки ги донел градоначалникот. Од друга страна, првиот човек на општината треба да знае со какви проблеми се соочуваат вработените”, истакна Ирена Николов од ЗЕЛС .
Како едно од можните решенија за постигнување на оваа цел беше предложена изработка на внатрешен електронски билтен, кој би информирал за се она што се случува внатре во Локалната самоуправа.
“ Целта е да се утврдат минимум стандардите во работењето и комуникацијата, од кои ниту една општина во земјава во иднина не смее да отстапува”, рече експертот Зоран Јачев. “ По завршувањето на тркалезните маси организирани во 14 општини очекуваме да се постигне голем чекор напред во однос на нивната отвореност кон јавноста”. Јачев истакна дека денешната дебата е дел од деветмесечниот проект “ Транспарентна општина” во организација на ЗЕЛС, а подржан од УСАИД.
На тркалезната маса дебатираа: градоначалникот, претседателот на градскиот совет, советници, раководители на сектори, претставници на невладини организации, бизнис секторот и медиуми.