Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески се солидаризираше со колегите од опозицијата од другите градови, кои ја напуштија работата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа -ЗЕЛС, во знак на протест против притворањето на градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

Бараме во Република Македонија да се почитуваат уставните принципи и начела за владеење на правото, правната сигурност, заштита на основните човекови права и безусловно почитување на презумцијата на невиност, велат  градоначалниците од опозицијата.

Раководството на ЗЕЛС ги повика 34-та градоначалници од опозицијата да ја остават на страна дневната политика и да се вратат во работата на Заедницата.

Градоначалникот Петрески, неодамна за Ohridnews изјави дека општината Охрид работи под постојан притисок на централната власт и инспекциските служби ,поради што не можат да се реализираат во целост најавените капитални проекти, а отежната е и реализацијата на тековните работи. Според него приведувањето на струмичкиот градоначалник не е ништо повеќе туку заплашување и притисок врз градоначалниците од опозицијата кои се успешни, да не се кандидираат за втор мандат на претстојните локални избори.

Ohridnews