Општина Охрид преку писмено соопштение реагираше на денешната прес конференција на СДСМ.

-Водена од сопствените криминални, незаконски и против правни дејствија СДСМ- Охрид и денеска неосновано обвинува и покажува дека за нејзе апсолутно е несфатливо дека секој проект па и оној кој се однесува на изградбата на Откупниот центар со ладилник во село Лачочереј имаат законски и правни рамки. Изразувајќи жалење што СДСМ –Охрид  има тотално непознавање за основни, општи и правни постапки општина Охрид ќе и ги објасни сите чекори кои водат кон сигурна и успешна реализација на проектот. Откако, согласно Законот за денационализација, парцелата  на кој  беше предвидено да се  гради Откупно дистрибутивниот центар со ладилник во Лакочереј, беше вратена на физички лица, локалната власт согласно постоечките законски  прописи  ја одреди новата локација за оваа намена во ова охридско село, пишува во реакцијата на општина Охрид.

Во неа се објаснува дека постапката е во фаза на ажурирање на геодетски подлоги по што ќе се пристапи кон изработка на Локалната планска урбанистичка документација.

-Времетраењето на донесување на Локалната планска урбанистичка документација е пократко во однос на донесување на Урбанистичките планови затоа што ги одобрува стручна комисија и Градоначалникот. Просторот во близина на село Долно Лакочереј  кој е предмет на разработка е 14.000 квадрати, а параметрите односно  колкав дел од тој простор ќе зафаќа Откупно дистрибутивниот центар со ладилник ќе се дефинира со Локалната урбанистичко планска документација, појаснуваат од општина Охрид.

Оттаму додаваат дека во делот на помошта на земјоделците во овие 2 години општина Охрид за прв пат обезбеди средства од Фондовите на Националната агенција за поддршка на руралниот развој и земјоделството  со кои  реализирала  проекти од програмата  за поддршка и рурален развој во вредност од 30 милиони денари, а во фаза на реализација се уште 3 проекти.

-Преку ИПАРД програмата за рурален развој општина Охрид организираше јавни трибини, посети на месните заедници и селските средини на кои ги едуцираше земјоделците како да ги користат предвидените средстрва. Во канцеларијата за поддршка на земјоделците која ја отвори актуелната локална власт се издаваат сите потребни потврди дека проектите на  земјоделците се во согласност со развојните цели на општината, се потенцира во реакацијата.   

Во неа се додава дека смешни се смешни се денешните обвинувања на СДСМ Охрид дека актуелната локална власт не успеала  да  изгради  ниту две улици во Охрид.

Ако се земе во предвид фактот дека  актуелната локална власт иако  соочена со  стотици  правни и финансиски лавиринти и дупки  на секој план при реализација на секој проект  успеа да реализира она што ретко која локална самоуправа во вакви неверојатни околности може да успее : 129 во  целост завршени проекти и 58  проекти кои се во тек , ветени во програмата и не ветени. Едноцифрени ниски бројки кои укажуваа на број на реализирани проекти беа карактеристични за периодот кога на Власт во Охрид  беше   СДСМ кое за  цели 8 години успеа да изгради само 2 кружни текови, пишува во рекцијата.

Во неа се изразува надеж дека СДСМ- Охрид  во иднина нема да изнесува неосновани обвинувања и ги поканува охридските Социјалдемократи да го прочитаат Отчетот за двегодишното работење на Градоначалникот.

OhridNews