Општина Охрид попладнево преку писмено соопштение реагираше на повторните обвинувања од Општинската организација од СДСМ од Охрид.
–Во недостаток на идеи и одговорности очигледно е дека СДСМ, Охрид, големиот вишок на слободно време во текот на работниот ден го пополнува со бесцелни соопштенија до јавноста. Уште еднаш ги потсетуваме на почитуваните од СДСМ, Охрид, дека во процесот на изготвување на решенијата за легализација учествуваат повеќе лица од различни профили и истите после финална проверка се одобруваат и потпишуваат од страна на раководителите во Секторот за урбанизам и се донесуваат од страна на градоначалникот. Од тие причини законитоста на решенијата за легализација не може да се доведе во прашање, пишува во општинското соопштение.
Во него се нагласува дека општина Охрид ги презела сите потребни законски дејствија во рамките на своите надлежности за евалуација и расчистување на овој случај, а воедно ги повикала и надлежните институциите да постапат согласно прописите.
OhridNews