Општина Охрид предлага долгот кон ЕВН во висина од 80 милиони денари да се реши со компензација. За таа цел идната недела во Скопје ќе се одржи средба помеѓу претставници на локалната самоуправа и ЕВН на која треба да биде изнајдено решение за долгот на општината.

Локалната самоуправа смета дека дека долгот може да се искомпензира со отстапување на ЕВН на електро опремата во која во изминатите 10 години инвестирала општината.

Дали ваквиот предлог е прифатлив за ЕВН ќе се знае по средбата што на 7 ноември ќе се одржи во Скопје.

Инаку на оваа тема неодамна расправаше и Советот на општина Охрид кој изгласа одлука со која на градоначалникот му се дава овластување да преговара за компензација на долгот кон ЕВН.

Мики Трајковски