Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, Општина Охрид распиша уште еден јавен повик за субвенционирање на велосипеди, кој ќе се реализира согласно Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општината.
Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. – стои во Јавниот повик.
Доделувањето на средствата ќе се врши по принцип “прв купен велосипед“ во периодот од 13.05.2020 год. (од датумот на објавувањето на првиот повик), па се до денот на завршување на новиот повик.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава, од денот на објавување на јавниот повик, се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 10 работни дена од објавување на повикот. информира Општина Охрид.
Повеќе за условите во Јавниот повик ќе најдете на следниот линк.
OhridNews