Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година, Општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред.

Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2020 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. – стои во Јавниот повик.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 октомври 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. – информира Локалната самоуправа.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Охрид кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2020 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Охрид и нивни блиски лица односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице: роднини по крв во права линија (син и ќерка, внуци, татко и мајка, баба и дедо).

Целосниот Оглас и условите што треба да ги исполнат барателите може да ги погледнете ТУКА.

OhridNews