По почетна цена од 25 евра или точно 1.543 денари, општина Охрид, по пат на електронско јавно наддавање нуди на продажба атрактивно градежно земјиште, кое е лоцирано во првата урбана зона од градот. Површината на градежната парцела под број 1.2.293 е 201 метар квадратен, со дозволена површина за градење од 90,9 метри кавадратни.

-Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП за УЗ 1 Блок 1.2, Блок 1.4 и дел од Блок 3.4, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-6092/40, од 30.06.2014 година, со намена за изградба на А1 -домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени Б1, В1, Д3 до 30%, согласно  Табеларен преглед во кој се дадени  податоци за градежната  парцела, пишува меѓудугото во огласот кој беше објавен во медиумите и кој може да се најде и на веб страницата на општина Охрид.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица од Република Македонија како и физички и правни лица од странски земји, во согласност со законските процедури и правилници. Депозитот за учество на јавното наддавање е 31.014 денари.

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, а подетални информации за потребнатa документација може да се најдaт во рамки на огласот.

Освен потребната документација, во пријавата за учество треба да се приложи и Банкарска гаранција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност за серизност на понудата со рок на важност до 8-ми април 2015 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање, во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 20-ти февруари 2015 година, до 16 часот на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на истата интернет страна на 02-ри март 2015 година, во 10 часот и истото ќе трае 15 минути.

OhridNews