Општина Охрид со соопштение до јавност денеска реагира, на како што се наведува во него, бројните шпекулации поврзани со приклучувањето на жителите од с. Лескоец на канализационата мрежа. Во соопштението се вели:

„Последниве денови, во јавноста, а посебно меѓу жителите на Лескоец е зачестена шпекулацијата дека за приклучок на канализацијата во населбата,  мештаните  „ќе плаќале по 200, 300 или 400 евра!“.

Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески, одговорно тврдат дека станува збор за гола шпекулација во функција на нечиј предизборен маркетинг и дека ништо од тоа што се шпекулира не е точно. Напротив. Став е на Локалната самоуправа дека приклучувањето на домаќинствата на канализационата мрежа во населбата  ќе се врши бесплатно.

Од друга страна, на јавноста и’ е познато дека  изградбата на водоснабдителната и  канализационата мрежа во Лескоец е  целосно реализирана  со средства на Општината. Опструкциите што ги правеа државните институции и надлежни министераства дојдоа  до целосен израз во завршната фаза –  прекоп на магистралниот пат Охрид-Битола. Прекопувањето на коловозот е неопходно заради поврзување на канализацијата во Лескоец со главната (градска) канализазациона мрежа.
Иаку, лично министерот Миле Јанакиески, на партиската трибина во Охрид одржана кон средината на минатиот месец, вети дека дозволата за прекоп ќе се издаде за 2-3 дена, тоа не е сторено до денес.  

За тоа што се планира натаму по прашањето на водоснабдуавњето и канализационата мрежа во Лескоец, ќе стане збор и на средбата на градоначалникот Петрески со жителите на оваа приградска населба што ќе се одржи в Петок,  на 30 – ти овој месец во Домот на културата во Лескоец со почеток во 19 часот“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

Ohridnes