Општина Охрид преку писмена реакција испратена до медиумите регираше на денешната прес конференција на Општинската организација на СДСМ.
-Продолжува дезорганизираното и дезориентираното однесување на ОО на СДСМ од Охрид. Онака како што предвидовме – секој убав настан, кога локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески промовираат ново изградени плоштади, улици или отпочнување на градежни активности за целосна и темелна обнова на Охрид, СДСМ Охрид се обидува тоа да го засени со бледи и целосно неаргументирани прес конференции. Им кажавме и тогаш, а и денес, тоа кај граѓаните не поминува. Ако од СДСМ Охрид, барем за миг се заинтересираа за потребите на граѓаните од Лакочереј и поразговараа со нив, ќе знаеја дека со претходно барање на Советот на месната заедница, градежниот шут е депониран привремено во Лакочереј и ќе биде употребен согласно потребите на жителите од ова населено место. Веќе е договорено за утре, 13 септември со почеток во 10 часот да започне акција во која ќе учествуваат сите жители на селото, без разлика на партиската припадност, во подигнување на шутот, а истиот ќе биде искористен како тампон за одредени помали улички и пристапните патишта кои водат до нивите и обработливото земјиште на жителите од Лакочереј, стои во реакцијата на СДСМ.
Во неа се потенцира дека градоначалникот Бакрачески и локалната самоуправа секогаш се подготвени да го почитуваат барањата на граѓаните на Охрид, дотолку повеќе, што во овој случај се работи за организирана активност со месното население.
OhridNews