-Токму тука се гледа и злоупотребата на довербата што граѓаните еднаш ја дале на „политичари“ кои треба во Советот на општината да ги застапуваат нивните интереси, а не да ги лечат партиските порази со отсуство на идеи, дискусии и конструктивност. Доколку „аналитичарите“ на Советот на општината ги прават „анализите“ и даваат „оценки“ како советници, тогаш треба прво да им одговорат на граѓаните- зошто ги напуштаат седниците кога се расправа за особено значајни прашања за кои граѓаните ги избрале?.-се вели меѓу другото во писмената реакцијата на Општина Охрид, која е објавена на oпштинската веб страница.
Во неа се нагласува дека конечно треба да разбере и научи дека Советот е орган на општината во кој седат избраници на граѓаните, а не партиски гласноговорници кои мислат исклучиво на интересите на партијата, а не на граѓаните.