Општина Охрид планира да отвори Дневен центар за пензионери на имот кој ќе го добие од должник преку купопродажба во извршна постапка. Оправданието за носење на оваа одлука е тоа што фирмата која е сопственик на имотот е платежно неспособена, нема од каде да се наплати долгот, нема пари на сметка и единствен имот со кој располага е токму деловниот објект, посочи секретарот на Општина Охрид, Алекснадар Китески.
Досега немало ваков случај во државава. Се консултиравме со Државен завод за ревизија и во Министерство за локална самоуправа и согласно закон не можевмe да најдеме основ, единствен законски основ за стекнување имот на ваков начин е Законот за извршување, посочи Китески.
Појасни дека Општината од фирмата од Струга има основно побарување од 3 872 750 денари, а купопродажната цена е 4 760 100 ден.
Она што ние, пред да се пребиеме со побарувањето што го имаме по однос на оваа купопродажна цена мора да го исплатиме е износот према Халкбанка кој исто е доверител према овој должник и е пред нас за намирување. Износот према Халкбанка е хипотека од 2 097 397 ден и тоа е износот што треба да го платиме. Доколку на тој износ се додаде и адвокатски и извршни трошоци треба Општина Охрид да исплати 2 443 251 денари, додаде Китески.
Остатокот до купопродажбната цена во износ од околу 2 ,6 мил денари, рече Китески, ќе се пребие од побарувањето кое го има општината кон должникот. Со тоа општината се стекнува со имот кој во извршната постапка е проценет на 7 милиони денари, а за кој ќе плати само 2, 4 милиони.
Целта ќе биде откако ќе станеме сопственици на овај недвижен имот истиот во соработка со Министерството за социјална политика да го направиме Дневен центар за пензионери, потенцираше Китески.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска