На реакцијата на ВМРО ДПМНЕ која всушност беше реакција на јавно изнесени ставиви на Општината Охрид во врска со протоколот за време на големите политички настани и инфраструктурните проблеми на Охрид, со соопштение до јавноста денеска се јави локалната самоуправа. Во соопштението се вели:

„Иаку е голема опасноста од вовлекување на Општината во предвремена изборна кампања по желба на локалната опозиција, должноста за објективно иформирање на граѓаните, меѓу другото, налага да се осврнеме на писанието наречено „Соопштение“ од ОК ВМРО-ДПМНЕ. Анонимниот текстописец, за жал, потврдува дека во ОК во кој има интелектуалци од типот на Тони Симоноски, Владо Стефаноски, Дејан Паноски, Анита Кипаризоска и др. членуваат и луге кои најмногу што научеле е да: го мразат својот град и да плукаат врз резултатите што ги постигнува некој кој не е од нивната Партија. Односно, дека има членови кои заслепени во Партијата ќе го убедуваат народот дека му е убаво и кога му чинат зло.

Жалосно е за  граѓаните кои доживуваат, за државните работи и прашања од интерес за развојот на Охрид, да одлучуваат луге мегу кои ги има и оние со свеста на ЛУМПЕНПРОЛЕТЕРИТЕ од пред 2 века за кои  активностите се сведувале  на она: „Што полошо – тоа подобро“. За делот на простаклукот затекнат во охридскиот ОК како да не се променило ништо цели 2 века, па не бираат форми како да го блатат, оцрнуваат и подценуваат Охрид и да го запираат неговиот напредок.

Оттука, јасно е само по себе дека, ако Охрид „плаче“, тогаш плаче од нечиј простаклук, нечија приземност во јавното комуницирање и лицемерие во ангажманот за граѓаните. А, ако Охрид „плаче“ за Градоначалник, тогаш е вистината таа дека ОХРИД „ПЛАЧЕ“ ЗА  ВТОР МАНДАТ НА АЛЕКСАНДАР  ПЕТРЕСКИ.

Зошто? Би требало цел „ферман“ за неговите резултати. Но,  нема потреба да го наведуваме сега сето тоа, оти она што го прави Општината најдобро го гледаат и чувствуваат самите граѓани. За жал тоа е „невидливо“ за простаклукот и задолжените плукачи и негатори на се’ и сешто“, се вели во соопштението на портпаролот на Општината, Никола Маневски.