Обидот на Министерството за транспорт и врски за наводно демантирање на вчерашните изјави на охридскиот Градоначалник во врска со заштитата на Колекторскиот систем, не е ништо друго туку обично заменување на тезите и обид за продолжување на партиски напади и пресметки, се вели во писмената реакција на Општина Охрид.
-Во немање вистински аргументи за одговор, Министерството изнесува тврдење за доведување во забуна и заблуда на јавноста и наведува дека изградбата и одржувањето на комуналната инфраструктура е надлежност на локалната самоуправа. Тоа е најобична замена на тези и гола лага заради која следи прашањето: Господа партиски војници од Министерството за транспорт и врски, дали Систем за заштита на Охридското Езеро е за вас е селска канализациона мрежа? Дотолку повеке што за негова изградба се земани и меѓународни кредити?-се вели во реакцијата.
Охридската локалана самоуправа побара од Централната власт да одговори на јавноста-Дали Македонија како држава не е обврзана пред УНЕСКО за заштита на националното природно наследство какво што е Охридското Езеро и Дали меѓудржавните договори се работа на локалната самоуправа.
-Доколку заштитата на Охридското Езеро е „надлежност на локалната самоуправа“ –како што наведувате, зошто државата Македонија има донесено Закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и зошто се презела надлежности? Жалосно е што Министерството наведува партиски соопштенија како свои ставови подметнувајки го координативното тело за поставување вреки со песок како одговор на барањето за заштита на Колекторскиот систем, а не на Кејот во Охрид. –се нагласува во реакцијата.
OhridNews