Шалтер за лица со посебни потреби денеска започна да работи во локалната самоуправа. Градските власти одговорија на барањето на  Здружението на глуви и наглуви од Охрид со што  ќе  се отстранат тешкотиите на кои наидуваат глувите и наглуви лица при комуникацијата со службите во Општината.

На новоотворениот шалтер за оваа категорија граѓани, кој е сместен во приземјето на општинската зграда,  ќе работи лице со познавање на јазикот на знаците и тоа лице ќе посредува во комуникацијата помеѓу граѓаните со  хендикеп и службениците односно службите на кои тие им се обраќаат. Работното време на Шалтерот за лицата со посебни потреби е секој работен ден во терминот од 10 до 13 часот.

Општина Охрид е прва и засега единствена во Републиката која го решава овој проблем на лицата со посебни потреби.

ohridnews
фото: Општина Охрид