Општина Охрид организира Јавна презентација за детален урбанистички план за УЗ 15, дел од УБ 15.4-опфат1, општина Охрид, нацрт план 2013-2018.
Планот опфаќа површина од 4,40 хектари и во граници следниве граници: На север границата се движи по северната граница на КП 2496 и КП 2497 КО Лескоец; на исток границата е поставена по линија на источниот раб на пешачката патека која минува низ КП 2497, КП 991/2 и КП 992, а во еден дел границата на опфатот минува низ КП 992; на југ границата се движи по јужната граница на КП 992 и КП 991/1 КО Велгошти и на запад границата се движи по осовината на магистралната улица “15-ти Корпус”.
Јавната анкета ќе трае до 27-ми јули 2015 година, а Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на 15-ти јули 2015 година со почеток во 12 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
OhridNews