Општината ги повикува граѓаните, институциите, стопанските субјекти и граѓанските организации да земат учество во програмата за чистење на животната средина.
Чистењето ќе се одвива на потегот од Подмолје до Охрид, од “Билјанини Извори” до манастирскиот комплекс “Свети Наум” , од градските гробишта до Буково и во границите на Националниот парк “Галичица”.
Општината за сите кои ќе се вклучат во акцијата ќе организира и превоз од булеварот “Туристичка” наспроти маркетот “Макси Д”, од кај новата автобуска и од пред “Охридска банка ” кај градскиот пазар. Автобусите ќе поаѓаат од овие локации почнувајќи од 9 часот и 30 минути, на секои половина час, до 11 часот.