Во недостик на капацитет и визија и слепо следење на наредбите од Централата, СДСМ Охрид по кој знае кој пат ги помеша лончињата. За нив едно исто било санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица. Па затоа не е ни чудно што во минато, нивните инфраструктурни проекти беа со еден куп недостатоци, велат од Општина Охрид на реакцијата од СДСМ Охрид за како што велат повторно санирање на улицата „7-ми Ноември“.
По кој знае кој пат се обидуваат да ја замаат јавноста со употреба на звучни флоскули. Сепак не им успева бидејќи Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица. Имено на 21 јуни 2022 година, како што и самите имате доставено фотографија од градежни активности на улицата „7ми Ноември“, се гледа дека се санираат дупки, односно се врши реставрација на дел од коловозот кој е еден од влезовите на градот, а за жал беше оставен во очајна состојба.
Тоа се реализираше, потенцираат, во очи на почетокот на туристичката сеозна и со цел посетителите на Охрид барем на овој влез да немора да поминуваат по оштетен и крајно небезбеден коловоз.
Додека сега, после скоро година и половина се врши комплетна реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Со овој зафат е опфатено реконструкција и поставување на нова атмосферска канализација, спуштање на каблите под земја, реконструкција на тротоарските површини и велосипедски патеки. Оформување на коловозни ленти, нов асфалт и ново осветлување. Односно улицата добива нов лик. Санација на ударни дупки е една работа, додека реконструкција на целосна улица е друга, велат.
Санација, додаваат во соопштението од Општина Охрид, се прави онаму каде што е критично и мора да се реагира што поскоро, односно на оставениот хаос во инфраструктурата, а реконструкција се прави за менување на условите за користење, безбедноста и ликот на улиците.
OhridNews