Политички неука, контрапродуктивна и без аргументи манипулација со граѓаните, вака од локалната самоуправа ја оценуваат денешната изјава на портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески во врска со најавените проекти.

-Граѓаните знаат дека во изминативе 28 месеци, новата локална власт на чело со градоначалникот Никола Бакрачески не само што ги реализира проектите кои беа дел од неговата изборна програма, туку направи и многу повеќе. Целосно реализирани се 129, а во  тек на завршување се 58 или вкупно 187 проекти, кои  се резултат на секојдневни ангажмани и посветена работа на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески, велат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека дволично е однесувањето на СДСМ кон граѓаните бидејќи плоштадот кај Музичкото училиште, прво го нарекле „пригодна чешма“, за потоа да се демантираат кажувајќи дека тоа ќе биде убав објект во интерес на граѓаните и гостите кои доаѓаат во Охрид.

– Дволичноста се гледа и во делот на изјавата за капиталните проекти кои нивнатата локална власт со години наназад ги најавуваше и не стори ништо, а сега, без ниту еден факт  ја обвинуваат оваа локална самоуправа и градоначалникот Бактрачески  дека бавно ги реализирала. Ако навистина имаат доблест и минимум достоинство пред  јавноста треба да признаат дека проектите се почнати и дека согласно со динамиката и во рамките на законите ќе бидат завршени, зошто за разлика од нивните повеќегодишни празни ветувања оваа локална власт го реализира она што им го ветила на граѓаните, велат од локалната.

Додаваат дека охридскиот СДСМ продолжува со пласирање на невистини  со надеж дека барем некој ќе им поверува.

OhridNews