Владата, синоќа, на 24-та седница донесе одлука за распределба на средства за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на повеќе проекти.

Од овие средства 6 милиони денари се предвидени за Општина Охрид, односно, како што стои во одлуката, за исполнување на препораките од УНЕСКО за градби во Охрид.

Владата донесе Одлука и за одобрување средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги, меѓу кои е и ЈП „Охридски Комуналец“. Оваа мерка од дел од Програмата за справување со Ковид–19 кризата и предвидува еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата, членки на АДКОМ.

OhridNews