Општина Охрид постојано и будно го следи функцинирањето на депонијата „Буково“ каде што деновиве повторно беа регистрирани неколку помали пожари, кои се предизвикани од високите температури и несовесното однесување на поединци, информира Локалната самоуправа.

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кое има надлежност за управување со депонијата „Буково“ постојано врши контрола на тековното одржување на депонијата. Веќе се поднесени соодветни пријави до надлежните безбедносни служби, во врска со последните пожари, со цел да се вршат почести контроли на локацијата за депонирање и потегот во близина на истата. Очекуваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани. – истакнуваат од Општина Охрид.

Според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораките од УНЕСКО депонијата „Буково“ треба да биде затворена, но преземањето на оваа мерка зависи од одлуката за одредување на локација и отворање на регионална депонија за Југозападниот регион, појаснуваат од општината.

Обврските за решевање на овој проблем се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање. – посочува Локалната самоуправа.

Г.М.

Депонијата „Буково“ повторно гори, надлежните немоќни, партиите обвинуваат