Општина Охрид нема да издвои средства за обнова на манастирот Св. Јован Бигорски изјави денеска градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека лично се вклучил во акцијата за санирање на штетите од пожарот што неодамна го зафати ова големо духовно светилиште.
Петрески смета дека е доволно што државата се вклучила во обновата на Бигорскиот манастир, а општината треба да се грижи за своето културното наследство, кое како што рече, е во многу лоша состојба.
– Секојдневно добуваме писма и молби за помош од граѓани. Има незавршени цркви и манастири во охридско и нашите средства треба да ги насочиме кон нивна ревитализација, истакна Петрески.
Ohridnews