Во официјалната реакција, општинската администрација посочува дека градските власти ги преземаат сите потребни активности за реализација на проектот.
„Пратеникот Грозданов ја знае добро и е во тек со целата постапка, дека не само што нема “кочење“ од страна на градоначалнкот и службите, туку и тие се заинтересирани и се ангажираат за побрзо решавање на формалностите околу издавање на потребните дозволи и согласности. Потврда за тона е дека иаку тоа не е нивна обврска, службите на Секторот за урбанизам и комунални дејности се ангажираат во Катастарот (државна, а не општинска институцја) да се забрза постапката за спроведување на решенијата за експропријација на дел од парцелата каде е проектирано игралиштето“, стои во реакцијата на локалната самоуправа.