На реакцијата на Македонија пат за изнесените ставови на прес конференција на локалната самоуправа во врска со проблемите во Лескоец и Пештани, со контра реакција се јави општинската прес служба.

Наместо да ја информираат јавноста за тоа  што сториле корисно за Охрид; кои влезови ги средиле и уредиле; кои патишта ги прошириле и направиле побезбедни; колку граѓани обештетиле за уништените возила од нестручното одржување на „Туристичка“ во  зимски услови; колку работни часови ефектно потрошиле за уредување на Охрид во пресрет на некој самит; или, зошто не ги доведуваат во ред делниците и патиштата по извршените прекопи за да е безбеден сообраќајот на нив; Македонија пат води  партиска пресметка со општината преку недавањето дозволи за прекоп на патни коловози кога се вршат комунални зафати во интерес на цели населби, се вели во соопштението на локалната самоуправа

„Кога немаат аргументи да кажат што сработиле и каде ги трошат парите на народот, тие се служат со навредлива, омаловажувачка и приземна јавна комуникација. Тоа и не треба да ја чуди јавноста доколку се знае дека станува збор за господата кои среде зима ги изненадува снегот, а среде лето не работаат оти расте трева на банкините од патот кон Свети Наум! Тоа се оние заради чие неработење, критики од гостите и туристите трпат општинските власти  и охриѓани кои живеат од туризмот, а Охрид не се доживува како уреден град.  Конечно, тоа се господата паартиски галамџии кои место да одговорат на укажувањата од Градоначалникот што ќе направат за предстојниот самит или што не направиле досега, тие се потврдуваат како достојни наследници на ждановизмот и гебелсштината.  Жалосно за Охрид и Македонија! Дури е жалосно и за самата нивна Партија“, се вели  во контра реакцијата на прес службата на локалната самоуправа.

Ohridnews