Општина Охрид креираше нова веб-страница – www.visitohrid.com.mk посветена на промовирање на туризмот и угостителството во нашиот регион.  Во оваа насока од Општината ги повикуваат сопственици на хотели, апартмани, приватни сместувачки капацитети, ресторани и винарии да се регистрираат и да ги презентираат своите бизниси пред пошироката публика.

Посочуваат дека со регистрирање на платформата ќе се зголеми видливоста на туристичко-угостителските услуги,  се овозможува директна врска со потенцијални гости и клиенти, подобрени можности за маркетинг преку насочени промоции, учество во настани за вмрежување и соработка.

Повик е отворен за сите бизниси поврзани со угостителството и туризмот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на хотели, мотели и хостели, апартмани, куќи за гости и приватни сместувања, ресторани, традиционални меани и кафулиња, како и винарии и места за дегустација на вино, потенцираат од Општина Охрид.

Краен рок за пријавување е 15 март, а заповеќе информации и  поднесување на регистрацијата го посочуваат меилот: [email protected].

OhridNews