Во текот на наредната недела во сите охридски училишта ќе бидат монтирани  апарати за миење раце со специјален антибактериски гел, заради одржување на хигиената на учениците.  За оваа инивцијатива, која е дел од мерките за заштита од Свинскиот грип, Локалната самоуправа од Охрид ќе потроши вкупно 150.000 денари.

Според соопштението на Општината, во основните и средните училишта ќе бидат поставени по 10, а во градинките по 6 вакви апарати. Во едно полнење, секој од овие апарати содржи еден литар специјален антибактериски, атестиран и еколошки гел, чија што заштита трае осум часа. Апаратите со антибактерискиот гел за заштита на рацете ќе се постават во просториите каде има мијалници, а учениците ќе ги користат мошне едноставно бидејки принципот на овие апарати е ист како при користењето  течен сапун.

Честото миење на  рацете е една од најважните мерки за заштита од Свинскиот грип.