Првата Б еколошка дозвола ќе и биде издадена на инсталалацијата „Еуротехника“ ДООЕЛ – Охрид.
Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи. Б интегрираната еколошка дозвола се издава за период од 7 години.
До секторот за урбанизам и заштита на животната средина поднесени се уште десетина барања за добивање Б интегрирани еколошки дозволи од фирми кои законски подлежат на ваква обврска од општините Охрид и Дебрца.